Аларм во Ал Наср – се повреди Кристијано Роналдо

Ал Наср е осамен на врвот на табелата во саудиската Супер-лига, но триумфот над Ал Фајха беше скапо платен откако повреда на овој натпревар заработи Кристијано Роналдо.

Најголемата ѕвезда во саудискиот шампионат најпрвин се посрамоти промашувајќи пенал во првото полувреме, а во финишот самиот побара да биде заменет, жалејќи се на болка во мускулот.

За утре се закажани деталните прегледи кои ќе треба да покажат колку ќе изнесува паузата на Португалецот, но мали се шансите тој да може да настапи следниот викенд против тимот на Неом.

Претходно, Ал Наср требаше да се сретне со Ал Васл во ОАЕ, но овој дуел од Лигата на Шампиони на Азија беше одложен поради воениот конфликт во Иран и во регионот.

Се вчитува...