Големи проблеми за репрезентацијата на Аргентина пред стартот на Светското првенство во Катар. Лионел Меси тренира сам во тренинг центарот на репрезентацијата во Катар, пренесуваат аргентинските медиуми.
Откако го пропушти вчерашниот тренинг, тој доцнеше и на денешниот по што веднаш се вклучи алармот во Аргентина. Сепак, по некои десет минути првата ѕвезда на „гаучосите“ се појави на тренингот кој го одработе индивидуално со еден од тренерите на репрезентацијата.
Аргентина првиот натпревар на Светското првенство во Катар го има во вторник против Саудиска Арабија, а мечот е со почеток во 11 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА