Аларм во Мелбурн – Ѓоковиќ го напушти тренингот по само 12 минути (ФОТО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ги загрижи своите навивачи во пресрет на Австралија Опен. Новак најпрво тренираше со Јиржи Лехечка во вторникот, но потоа, денеска за време на втората, попладневна сесија на теренот број 10, се пожали на болки, поради што реагираше Миљан Амановиќ.

Тој тренинг траеше само 12 минути, а Амановиќ имаше полни раце работа, со оглед на тоа што Новак страдаше од болки во вратот.

Оние што ги набљудуваа тие сцени велат дека сè изгледаше многу болно за српскиот ас.

Новак повеќе разговараше со колегите отколку што тренираше, а во еден момент облече дуксер и го напушти тренингот.

Пред сето ова, во утринските часови, Новак спарингуваше со Данил Медведев.

Ждрепката за Австралија опен е закажана за четврток, додека турнирот започнува во недела.

Се вчитува...