„Аларм“ во Португалија: Можно е Роналдо да го пропушти Мундијалот!?

Победата на Ал Наср на гости против Ал Фајха со 3-1, беше во сенка на повредата на првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо кој го напушти теренот во 81. минута поради повреда, а тоа веднаш предизвика тревога не само во неговиот клуб, туку и во цела Португалија.

Роналдо го напушти теренот со болна гримаса, а не е познато колку ќе паузура светската „ѕвезда“. Со оглед дека до почетокот на Мундијалот има уште три месеци, тогаш и оправдано е што цела Португалија стравува дека тој би можел дури да го пропушти  и настапот на Светсткото првенство.

Португалецот немаше свој ден. На 0-0 промаши пенал, а потоа и девет минути пред крајот почувствува остра болка во мускулот, и сигнализираше на клупата дека мора да биде заменет.

По мечот, португалскиот тренер Жорге Жезус се обиде да ја смири ситуацијата и кажа дека измената е само поради претпазливост, но дополнително ќе се утврди тежината на повредата на рекордерот по бројот на настапи во Португалија.

Се вчитува...