Аларм во ПСЖ – Дембеле пак е повреден

Усман Дембеле неодамна се врати на терените по незгодната повреда, а последните информации говорат дека асот на ПСЖ повторно се повредил на последниот дуел од француското првенство против Ница.

Toj влезе во игра во 69. минута на местото на Заире-Емери, не беше во посакуваниот ритам, а камерите го уловија Дембеле како му кажува на Хакими: Ме боли ттивата на коленото, многу ме боли…

Во ситуација кога се знае колку е важен Дембеле за тимот, јасно е дека постои голема загриженост во таборот на ПСЖ за здравствената состојба на најдобриот играч од ланската сезона. Свесен за проблемот е и тренерот Луис Енрике.

„Мораме да бидеме трпеливи со него, да следиме како се чувствува и согласно тоа да донесеме одлука… Дури и доколку го гледаме Дембеле по 10-20 минути на натпревар во следниот период, и тоа е возбудливо“, изјави шпанскиот стратег на клупата на ПСЖ.

Проблем плус е и пеколниот распоред ако се знае дека европскиот првак во ЛШ ќе се сретне со баварскиот гигант Баерн Минхен, по што ќе следи и француското дерби со Лион. Јасно е дека помошта на Дембеле ќе биде и повеќе од добредојдена за овие средби, но останува да се види дали поранешниот ас на Барселона ќе може да им помогне на соиграчите во овие предизвици.

Се вчитува...