Освојувачот на „Златната топка“ за 2022 година, Карим Бензема ќе го пропушти вечерашниот натпревар на Реал Мадрид против Реал Сосиедад, пренесуваат шпанските медиуми.
Ова го запали алармот кај фановите на „кралевите“ кои се плашат дека Французинот можеби поради повреда ќе го пропушти денешниот меч кој е само четири дена пред финалето од „Копа дел реј“ против Осасуна и една недела пред првиот меч против Манчестер сити во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Од таборот на европскиот шампион нема никакво соопштение околу статусот на Бензема, па затоа се шпекулира дека веројатно Анчелоти сака да го одмори својот најдобар фудбалер пред најважните натпревари сезонава.
Под знак прашалник за овие два натпревари е и Лука Модриќ кој поради повреда некое време е надвор од терените.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

