Реал Мадрид скапо ја плати синоќешната победа во Севилја над Бетис, откако тренерот Зинедин Зидан остана без услугите на Марсело во следниот период. Левиот бек се повреди во првото полувреме и мораше да биде заменет жалејќи се на болка во мускулот.
„Тој рече дека болката не е преголема, но прегледите ќе покажат колку е сериозна ситуацијата“ – изјави Зидан веднаш по натпреварот.
Желба на сите во Реал е Бразилецот да се рехабилитира навреме за да настапи против ПСЖ, натпревар што е на програмата за 15 дена и на кој евентуалното отсуство на Марсело би претставувало огромен „минус“ за актуелниот европски првак. Покрај Марсело повреден е и Тони Крос, кој исто така се наоѓа во трка со времето за настап во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА