Аларм во Рома, најслаб старт од ерата на Зденек Земан

Фудбалерите на Рома го забележаа најлошиот старт во Серија А уште од 2012 година, кога од клупата ги предводеше Зденек Земан. „Волчицата“ по три кола од новиот шампионат во Италија има само четири бода, што секако го запали алармот во редовите на овој калчолигаш. Рома оствари триумф од 1-0 над Торино, потоа ремизираше (3-3) со Аталанта дома, и загуби на гости против Милан со 2-1. Сега следи репрезентативна пауза, а тренерот Еузебио Ди Франческо не е задоволен од играта во одбраната. Рома прими пет гола на три меча.

„Се појавија слабости во дефанзивата и тоа ќе мораме да го исправиме. Можеби е добро што следи пауза во Серија А, да го прекинеме овој лош ритам и да се подготвиме подобро за следните искушенија“, изјави тренерот на Рома.

Последен пат, Рома имала четири бода по три одиграни кола на стартот од Серија А во сезоната 2012/13.

Се вчитува...