Аларов: Нема да прогнозирам, наше е да тренираме и работиме за резултат

Михаил Аларов во следната сезона ќе го носи дресот на Алкалоид каде нема да му биде потребно многу време за адаптација со оглед на тоа што 27-годишникот ќе ја дели соблекувалната со добропознати лица.

Во изјава за клупскиот сајт вели дека подготовките течат во најдобар ред, целите се високи, но нема предвреме да прави прогнози.

„Работиме доста напорно, имаме доволно време да ја темпираме формата според желбите на тренерот Лазаров и добро да се спремиме за тешката сезона, која сигурно ќе биде највозбудливата досега. Ќе имаме и тежок противник во Европа, но ние како играчи даваме максимум секој ден, екипата е сложна, полека се подготвуваме за нашите цели кои сакаме да ги оствариме и исполниме.

Во РК Алкалоид се вклопив одлично затоа што играчите ги познавам од порано, условите за работа се одлични и професионални и немам никакви забелешки. Околу очекувањата за она кое ни следи, не сум човек кој сака да говори предвреме за трофеи, туку само да работиме и да градиме резултати. Целите секако дека се високи, имаме желба да играме и групи во Европската лига на ЕХФ, а дали ќе успееме, времето ќе покаже. Наше е да работиме“, изјави Аларов.

Се вчитува...