ЕКИПА во Хернинг,
Стеван Цаневски
Македонските ракометари се свесни дека дуелот против Романија е далеку од лесен и во ниту еден случај нема да го потценат противникот.
Пивотот Михаил Аларов, кој има значајна улога во одбраната на нашиот тим, најавува беспоштедна борба од првата до последната минута, се со цел на крајот да се радуваме на првата победа на овој европски шампионат.
„Против Португалија на теренот излеговме како еден тим, со борбеност покажавме дека Македонија може да се носи со најсилните европски селекции. Не играме со калкулатор, туку со карактер, желба и верба во себе. И токму тоа треба да не води напред. Не размислуваме за математики и сценарија. Нашата единствена цел е јасна: да дадеме сè од себе до последната секунда, без штедење, со максимална енергија и концентрација. Знаеме што значи да се носи дресот на Македонија и токму тоа нè обврзува секогаш да го вадиме најдоброто од нас. Романија не е противник за потценување. Тоа е селекција која, исто како и ние, дојде на Европско првенство со амбиции и желба за победа. Никој не е тука случајно – секој тим го заслужил своето место. Затоа нè очекува уште една тешка, физички и ментална битка, во која мора да бидеме максимално фокусирани. Ќе се бориме до крај. За дресот, за тимот и за Македонија“, изјави Лазаров
Натпреварот меѓу Македонија и Романија се игра вечерва во 18 часот во „Јиске Банк Боксен“ арената во Хернинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

