Аларов: Сите ќе го дадеме максимумот за репрезентативните бои

Македонската ракометна репрезентација претпладнево го одработи денешниот тренинг, во пресрет на вечерашниот прв пријателски натпревар против селекцијата на Бахреин во рамки на ,,Жолтиот куп” кој се одржува во Винтертур, Швајцарија.

Свое видување за подготовките и турнирот кој ги очекува даде Миахил Аларов.

„Имаме одлична атмосфера во нашиот табор. Успеавме малку да се одмориме, утрово имавме активација и загревање, па мислам дека сме подготвени за настап. Ќе се обидеме да пробаме некои нови тактички замисли, но сите ќе го дадеме нашиот максимум за позитивен резултат“, изјави Аларов.

Се вчитува...