Алавес со гол со лоб удар го совлада Димитриевски и Рајо (ВИДЕО)

Рајо Ваљекано на Столе Димитриевски, оди кон опасната зона на табелата во шпанската Ла Лига после денешниот пораз од Алавес со 1-0. Решавачкиот момент се случи во 44. минута кога Горосабел по одлична акција со лоб удар го совлада Димитриевски, кој беше немоќен да го сопре овој обид.

Ова беше 12-ти пораз за Рајо Ваљекано, и се спушти на 16. место на табелата. Тимот нема одамна победа, и сега Димитриевски и неговите соиграчи ќе се борат за опстанокот во последните 11 кола.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...