Алба, Араухо и Бускетс сакаа да се пресметаат со хулиганите на Еспањол (ВИДЕО)

Барселона по 27 пат во својата историја стигна до шампионската титула откако изминатата вечер славеше со 4-2 против градскиот ривал Еспањол. Каталонците прекинот на четиригодишниот пост без титула во Ла Лига бурно го прославија на центарот на теренот, се додека не влетаа домашните навивачи.

Видено револтирани од тоа што големиот ривал стигна до титулата тие предизвика хаос пробувајќи физички да се пресметаат со фудбалерите на гостинскиот состав.

Играчите на Барселона брзо побегнаа во соблекувалната, но тројца од нив немаа никаков проблем да се вратат на теренот и да се соочат со хулиганите на Еспањол. Бускетс, Алба и Араухо сакаа да се вратат на теренот и да се пресметаат со навивачите на Еспањол, но за среќа реагираше обезбедувањето па беше спречен поголем инцидент.

 

Се вчитува...