Алба Берлин подобра од Басконија за крај на колото во Евролигата

Алба Берлин стигна до голема гостинска победа над Басконија од 77-84 во последниот натпревар од 21. коло во кошаркарската Евролига. Домаќините одиграа солидно прво полувреме и на пауза заминаа со предност од 50-46.

Клучниот момент се случи во третиот период кој гостите го одиграа неверојатно и во последните десет минути влегоа со предност од 61-67. До крајот успеаја да ја задржат предноста и да стигнат до осмиот триумф сезонава.

23 поени на Полонара со кои беше најефикасен на мечот не беа доволни за триумф на Басконија, додека кај гостите 14 постигна Сива.

Се вчитува...