Алба разочаран од Варан – Ме нарече глушец без возачка дозвола

Фудбалерот на Барселона, Жорди Алба е разочаран од Французинот, Рафаел Варан и навредите на негова сметка на последното Ел класико. По еден дуел францускиот интернационалец го навредил бекот на Каталонците нарекувајќи го глушец.

„Сите мислат дека Варан е светец, но тоа не е така. Тој ме нарече глушец без возачка дозвола“, изјави Алба. 

Алба се уште нема положено за возачка дозвола, а на тренинзи го носи неговиот татко, откри пред неколку месеци во интервју одбранбениот фудбалер на Барселона Жерард Пике.

Се вчитува...