Албанец на голот на новиот Премиерлигаш

Тимот на Фулам, кој обезбеди пласман во Премиер-лигата, е во потрага на голман, а изборот паднал на сегашниот чувар на мрежата на Лацио и албански репрезентативец Томас Стракоша. Преговорите се во тек, и се очекува во следниот период Стракоша да го стави потписот со Фулам, и да брани во Премиер-лигата.

За Стракоша ќе нема место во Лацио, откако римскиот тим влегува во преговори за потписот на Кепа Аризабалага од Челси, а во последно време се споменува и првиот голман на хрватската репрезентација, Доминик Ливаковиќ од Динамо Загреб.

Стракоша е во Лацио од 2014 година, и само една сезона мина на позајмица во Салернитана. Стана стандарден голман, иако во последните две сезони не бранеше многу кај „лацијалите“.

Се вчитува...