Албанскиот интернационалец во дресот на Челси, Армандо Броја во следните 24 часа треба да потпише договор со новиот премиерлигаш Ипсвич. Напаѓачот ретко добиваше шанса во лондонските „сини“, често беше испраќан и на позајмици.
Броја ќе биде една сезона позајмен, со задолжителен откуп, но само доколку Ипсвич избори опстанок во Премиерлигата. Ипсвич ќе мора да го откупи за 30 милиони фунти, ако обезбеди останување во елитата.
22-годишниот Броја е четврта сезона во Челси, но беше позајмуван во Витезе, Саутемптон, а последниот дел од полусезоната ја мина во Фулам.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА