Албанија го освои и вториот медал на ЛОИ во Париз

Албанија го освои вториот медал на Олимписките игри во Париз, вториот во борење и вториот бронзен медал. На Албанците бронзениот медал им го донесе Ислам Дудаев во дисциплината слободен стил до 65 килограми.

Негов ривал беше Исмаил Мусукаев, уште еден натпреварувач роден во Русија, кој се бори за Унгарија.

Пред Дудаев медал на Албанија и донесе и Чермен Ваљев во борење, исто така во дисциплината слободен стил, во категоријата до 74 килограми што беше прв историски за оваа земја на Олимписките игри.

Се вчитува...