Албанија го прогласи за државен празник денот кога ќе се игра финалето во Конференциската лига

Владата на Република Албанија го прогласи 25. мај за државен празник во Тирана. Главниот град на Албанија на овој ден ќе биде домаќин на финалето во новоформираното натпреварување на УЕФА, Конференциската лига.

Во финалето ќе се сретнат Рома предводена од Жозе Мурињо и холандскиот Феенорд. Албанскиот главен град ќе биде претворен во пешачка зона како дел од мерките за организација на еден од најголемите настани што се случиле во Албанија.

Во Тирана се очекуваат околу 100.000 италијански и холандски навивачи.

Се вчитува...