Фудбалските сојузи на Албанија и на Косово подготвуваат заедничко натпреварување во кое би учествувале клубови од првите три лиги кои се под покровителство на двата сојузи.
„Испративме веќе писмо и до ФИФА и УЕФА за организација на заедничко натпреварување – ‘Куп Мајка Тереза’. Сега го чекаме одговорот“ – информираше портпаролот на Албанскиот фудбалски сојуз, Албан Тартари.
Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Косово, Агим Адеми во декември минатата година откри дека овој проект и е претставен на УЕФА, но досега Нион не се изјаснил по ова прашање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА