Албанија сонува за пласман на ЕВРО 2024 како второ елитно фудбалско натпреварување во историјата на оваа земја, а челниците на федерацијата решија во новиот квалификациски циклус да влезат со ново селекторско име. Во комбинација беа неколку звучни имиња, но на крајот изборот падна врз Бразилецот Силвињо.
Станува збор за стратег кој имаше блескава играчка кариера, носејќи го дресот на Барселона, Арсенал и Манчестер Сити. Како тренер се уште не постигна некои позначајни резултати предводејќи ги Лион и Коринтијанс, а Албанија е првата селекција што ќе ја води во репрезентативниот фудбал.
Силвињо со себе во стручниот штаб на албанската репрезентација ќе го доведе и поранешниот соиграч од Сити, Аргентинецот Пабло Забалета, за кого ова ќе биде прв ангажман во тренерската кариера. Искуство на новиот стручен штаб на Албанците ќе даде Бразилецот Доривал Жуниор, кој има работено во дури 24 различни клубови во татковината, а ова ќе му биде прв ангажман надвор од Бразил.
It’s official! Sylvinho will take over as Albania coach. He has agreed an 18 month contract with @FSHForg and will have Zabaleta and Doriva as part of his coaching staff pic.twitter.com/CLf27SS5l5
— Albanian Football 🇦🇱 (@AlbanianFooty) January 2, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

