Албанија ја шокираше Србија во театарска атмосфера во Лесковац, навивачите со скандирања: „Пикси, заминувај!“ (ВИДЕО)

Албанија ја шокираше Србија победувајќи со 0-1 на гостувањето во Лесковац во Групата К од квалификациите за СП 2026, и сега е далеку поблиску до позицијата за бараж за Мундијал.

Во главно театарска атмосфера во текот на целиот натпревар во Лесковац, Влаховиќ и Митровски не реализираа две убави шанси за Србите, па затоа следеше казна на спротивната страна.

По, прекин на играта, Манај погоди во судиското продолжение за водство на Албанија од 0-1 на полувремето.

Serbia 0-1 Albania – Rey Manaj 45+1′
byu/4gjdtokurwa insoccer

Во второто полувреме, само јалови напади на Србите, Албанците повеќе од умешно се бранеа за сосема заслужена победа на крајот.

Во финишот на натпреварот тоа што можеше да се слушне од трибините во Лесковац беа скандирањата за заминување на Драган Стојковиќ – Пикси од селекторската функција.

Во Групата И, Италија триумфираше очекувано на гостувањето против Естонија со 1-3.

Португалија, пак, ја победи Ирска минимално со 1-0 благодарение на голот на Невес во 91. минута.

Се вчитува...