Албанија ја спасува Англија од предавање на натпреварот со Исланд

На Англија и се заканува пораз од Исланд од 3-0 без борба на натпреварот од Лигата на нации кој требаше да се игра на „Вембли“ на 18. ноември.

Во моментот кога Англичаните беа на праг на откажување на натпреварот, се понуди Албанија да биде домаќин на натпреварот меѓу Англија и Исланд на „Албанија арена“ во Тирана.

Фудбалската асоцијација на Англија сериозно ја разгледуваа оваа можност затоа што не сака без борба да загуби важен натпревар. Англија со Белгија и Данска се бори за едно од првите две места во групата и за завршен турнир во Лигата на нации.

А, до оваа ситуација Англичаните се доведоа поради коронавирусот. Велика Британија неодамна донесе одлука сите кои доаѓаат од Данска да мора да бидат во двонеделен карантин.

Се вчитува...