Албанските навивачи се на пат да го соборат рекордот на европските првенства уште првиот ден на ЕВРО 2024 во Германија.
На првиот свој дуел на ЕП 2024, Албанија ќе има поддршка од неверојатни 50.000 навивачи што е рекорд во историјата на Европските првенства кога се работи за број на навивачи, а да не е во прашање домаќинот.
Албанија турнирот го отвора во сабота против Италија. Веќе има тотална албанска „инвазија“ во Дортмунд каде се пристигнати повеќе од 50.000 наввачи кои сакаат да го следат натпреварот.
За овој феномен денеска пишуваат сите светски медиуми меѓу кои и ЕСПН, кои нагласуваат дека повеќе од 100.000 Албанци ќе ја посетат Германија за време на ЕВРО 2024.
„Тоа е нешто неверојатно. 80% од стадионот во Дортмунд ќе биде исполнет со навивачи на Албанија“ – истакна и легендарниот Џанлуиџи Буфон коментирајќи за дуелот во сабота.
🚨Saturday for Italy vs Albania in Dortmund at The Signal Iduna Park: Tickets are SOLD OUT✅🇮🇹🇦🇱
An EXPECTED 50,000 Albanian fans & 31,000 Italian fans in attendance. Albania are expected to be amongst the best travelled fan supports in Germany🏟️
Ready⚔️@SkySport #euro2024 pic.twitter.com/Rksz9Oboy5
— AzzurriXtra🇮🇹 (@XtraAzzurri) June 12, 2024
Албанија во сабота од 21 часот се среќава со Италија, потоа на 19. јуни игра во Хамбург против Хрватска, а потоа со Шпанија во Дизелдорф на 24. јуни.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА