Албанија сака да „украде“ талент на Германија

Фудбалерот од средниот ред на Брајтон, Брајан Груда во иднина би можел да заигра за репрезентацијата на Албанија. Фудбалерот кој е роден во Германија, сепак, не е исклучено на крајот да ја промени селекцијата.

Груда во минатото истакнал дека сака да биде дел од Германија, меѓутоа во последно време не се наоѓа на списокот на младата селекција на „елфот“, а далеку е од сениорската. Затоа тој може да се премисли и да заигра за нашиот западен сосед.

Груда има потекло од Албанија, и ја претставуваше Германија низ младинските категории. 2о-годишниот фудбалер во минатото беше дел од Мајнц, а во оваа сезона потпиша за Брајтон. Минатата сезона беше назаслужен што неговата екипа успеа да избори опстанок во Бундеслигата, откако на одлучувачкиот меч со Волсбург постигна еден гол и запиша една асистенција.

„Приказната“ за Албанија и Груда трае веќе неколку месеци, но засега фудбалерот одбива да биде дел од албанската селекција, и го чека повикот од Германија.

Се вчитува...