Репрезентацијата на Албанија е вистински хит низ квалификациите за ЕП 2024, прва од земјите од Источна Европа, заедно со Турција, која обезбеди место меѓу најдобрите на Стариот Континент следната година.
Досега, репрезентациите на Англија, Франција, Шпанија, Белгија, Португалија, Турција, Шкотска, Унгарија, Австрија, Словачка, Данска и домаќинот Германија обезбедија место на ЕВРО 2024. А, меѓу нив и Албанија која со вчерашниот бод против Молдавија во Кишињев ја завери „визата“ за Германија следната година.
Западниот состав е и првата селекција од Балканот и од поширокиот регион која обезбеди пласман на ЕП 2024, и пред Хрватска и Србија, и пред Словенија кои во последното коло ќе бараат потврда на местото на Европското првенство.
Илијадници албански навивачи вчера се најдоа во Кишињев како поддршка за својата селекција, која низ овој квалификациски циклус беше предводена од бразилскиот тренер Силвињо. Едни од клучните алки на репрезентацијата кои го дадоа клучниот учинок во групата со Чешка, Полска… се и поранешните младински репрезентативци на Македонија, Јасир Асани и Таулант Сефери.
Албанија на ЕП 2024 ќе биде во вториот шешир за ждрепката на групите, што значи и нешто поповолен ждреб во очекување на настапот меѓу најдобрите.
EURO 2024 – Projected pots
– We have 12/24 confirmed participants of EURO 2024
– Albania qualified, but lost almost all chances to reach Pot 1 pic.twitter.com/AzogwLvKNX
— Football Rankings (@FootRankings) November 17, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА