Албанија во првото коло ќе ја дочека Србија, ќе нема гостински навивачи

Ждрепката за европските квалификации за пласман на Светското првенство 2026 година, ги смести Албанија и Србија во иста група, а потоа распоредот сакаше во провто коло да се сретнат токму овие две селекции, најверојатно во Тирана.

Меѓутоа каде и да се игра, на стадионот ќе бидат присутни само домашни навивачи, со оглед дека на гостински навивачи нема да допатуваат во Албанија, поради казната која УЕФА и ја изрече неодамна на Србија за забрана за продажба на карти за мечеви на националниот тим на гостински терен, и таа казна ќе важи току за дуелот со Албанците.

Оваа забрана ќе важи и за второто гостување на Србија во квалификациите, против Летонија.

Се вчитува...