Катастрофалната сезона на Милан и неиграњето во фудбалска Европа ќе значи нова тренерска смена, но и промени во највисоката управа на клубот, со што ќе бидат скратени крилата на Златан Ибрахимовиќ.
Швеѓанецот дојде како огромна фудбалска легенда и предводник на овој проект, но не се прослави премногу со изборот на нови засилувања и тренери, па „росонерите“ се решени да го доведат Игли Таре како нов спортски директор кој ќе ги носи клучните одлуки поврзани со екипата на Милан во иднина.
Преговорите со албанската фудбалска легенда се во завршна фаза и тој би требало да потпише тригодишен договор, по што прва задача ќе му биде да именува нов тренер. Како што јавуваат италијанските медиуми, изборот наднал наад Винченцо Италијано, актуелинот тренер на Болоња кој наводно покажал интерес по една година во овој клуб да се пресели на „Сан Сиро“. Таре доаѓа во Милан по успешното водење како стпсортки директор на Лацио, клуб со кој освои три трофеи во Купот на Италија и три во Супер-купот на Италија, воедно умешно менаџирајќи го скромниот буџет што го имаше на располагање од претседателот Клаудио Лотито.
Се уште е неизвесно како ќе реагира Златан на оваа смена, дел од информациите велат дека „росонерите“ се подготвени да му понудат друга функција во клубот, но и дека гордоста тешко дека ќе му дозволи на Ибракадабра да остане во Милан ако му биде одземено правото да ги носи клучните одлуки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

