Одлуката Србија и Албанија заедно да го организираат Европското првенство за фудбалери до 21 година наиде на жестоки рекации во фудбалската јавност во двете балкански држави.
На оваа тема сега говореше и легендата на албанскиот фудбал, Лорик Цана според кој на Србите не може да им се верува и ова не е вистинско време заедно да организираат турнир.
„Знам дека го почитуваат Дука, дека српските фудбалери ни покажаа почит и застанаа во наша заштита кога игравме во Белград, но нивните чувства не се искрени. Тоа го покажуваат во се што прават. Ги бранев боите на Албанија, играв за репрезентацијата и говорам што чувствувам.
Не е вистински момент да правиме нешто заедничко со нив. Зошто не во иднина, ако работите се развијат како што треба. Дука се уште не знае со кој си има работа, затоа не се сложувам со неговата одлука да организира првенство со Србите. Се сомневам во нивната искреност за било каква соработка. Повторувам, сметам дека ова не е вистинскиот пат, не е време да се прави нешто заедничко со нив“, вели Цана.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА