Косовскиот боксер Бесар Нимани, е убиен ноќеска во германскиот град Билефелд.
Според извештаите, Нимани седел во ресторан со уште 4-5 лица, а потоа си заминале, и одеднаш пред ресторанот се слушнале истрели. Во Нимани било пукано неколку пати, по што тој веднаш им подлегнал на повредите.
Нимани е роден во Косовска Митровица во 1985 година, а набрзо емигрирал во Германија. Боксерската кариера ја почнува во 1998 година во Билефелд. Имаше 27 меча и 26 победи. Последен пат се борел во 2018 година.
Инаку Нимани пред 11 години е поврзан со инцидент кој се случил во Билефелд, во кој биле повредени пет лица, меѓу нив бил и Нимани. Сторителот е казнет со 18 месеци во 2014 година.
https://t.co/2GJWKZO7SJ
Albanian boxer Besar Nimani was killed on Saturday evening March 9, 2024 in Bielefeld, Germany. According to a statement from his family members. He was only 38 years old. #Assassins #boxe #Albania #Besar #Nimani #Deutsche #boxer— 🅿oint🅰ctu.fr (@pointactualites) March 10, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА