Албанскиот новинар Лоренцо Јемини вети шоу ако Албанија ја победи Србија во Лесковац во саботниот натпревар во квалификациите за СП 2026.
Пред големиот квалификациски натпревар меѓу Србија и Албанија, кој ќе се игра во сабота навечер во 20:45 часот на стадионот „Дубочица“ во Лесковац, албанскиот новинар и спортски коментатор Лоренцо Јемини даде провокативна изјава која веднаш го привлече вниманието на јавноста.
„Се надевам дека ова ќе биде најдобриот ден за нашиот тим. Сакам да победиме со 0-1, не мора да биде повеќе. Ќе биде многу тешко, го кажувам ова како навивач, само би сакал да победиме со 0-1. Ако натпреварот заврши со овој резултат, ќе се соблечам во студиото. Ќе го гледам натпреварот во дресот на репрезентацијата, ќе го соблечам и ќе славам. Ако триумфираме убедливо, можеби дури и ќе се ослободам буквално од сè на мене“, рече Јемини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

