Во германскиот град Аугзбург, каде што се сместени фудбалерите на Србија за време на Европското првенство, е спречен поголем инцидент. Според пишувањата на српските медиуми, неколку албански навивачи влегле во хотелот, со јасна намера да испровоцираат некој од делегацијата на Србија.
Еден маж и жена влегле во хотелот со облека на која ги имало националните симболи на Албанија, а потоа се упатиле кон хотелскиот ходник. Обезбедувањето веднаш приметило што се случува, и реагирало, така што ги истерале луѓето од хотелот.
Ова не е првпат да им се случува на Србите. Според меидумите, и кога делегацијата пристигнувала во Германија, група на навивачи на Албанија се возеле околу хотелот, пуштале гласна музика и навивале на цел глас.
Србија го игра својот прв меч во недела во 21 часот против Англија во Гелзенкирхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА