Вистинско шоу приредија фудбалерите на Хрватска и на Албанија на теренот во Хамбург откако нивната битка заврши без победник, 2-2, но затоа навивачите на двете селекции имаа потег што дефинитивно ќе ги разбранува страстите во регионот.
Се играше второто полувреме од мечот кога на трибините почна да се ори „Убиј го Србинот“, песна што заеднички почнаа да ја пеат навивачите и на двете страни од стадионот.
Очекувано, српската јавност е бесна поради ваквиот инцидент, а се очекува УЕФА да реагира со казни за двете национални федерации…
Albanski i hrvatski navijači pevaju “Ubi, Ubi, Ubi Srbina” pic.twitter.com/jBPIbVgTQH
— Rade Fantastični (@RFantasticni) June 19, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА