Поранешниот италијанки репрезентативец Кристијан Панучи е изборот на Албанската Фудбалска Федерација за нов селектор на оваа репрезентација. Џани де Бјаси, кој оствари историски успех со пласманот на ЕВРО 2016, си замина среде квалификациите за СП 2018, по што Албанците веќе неколку месеци се во потрага по нов селектор.
Во игра беа неколку стратези од Италија, многу близу до функцијата се наоѓаше Филипо Инзаги, за на крајот челниците на федерацијата да се премислат и да го изберат 44-годишниот Панучи за нов коримлар на националниот тим.
Според италијанскиот весник „Кориере дело спорт“, сите детали се веќе средени, па поранешниот бек на Милан, Реал Мадрид, Челси и Рома во текот на утрешниот ден и официјално ќе потпише договор на три години.
Еден од првите натпревари на Панучи како кормилар на Албанија ќе биде токму гостувањето во Струмица против Македонија, закажано за 5 септември во рамките од групата Г од квалификациите за СП во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА