Албанската фудбалска федерација се одлучи да ја прекине соработката со италијанскиот стратег Кристијан Панучи по вчерашниот пораз од Турција (0-2) на стартот од квалификациите за ЕП 2020.
„Албанската фудбалска федерација информира дека официјално ја прекинува соработката со тренерот Кристијан Панучи. Му благодариме на Панучи за досегашната работа со нашата репрезентација и му посакуваме успех во неговата идна кариера. Националниот тим во вториот официјален натпревар од квалификациите за ЕП против Андора ќе го предводат Ервин Булку и Сулејман Мема“ – се вели во соопштението од Албанската фудбалска федерација по отказот за Панучи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА