Албанците под строга полициска придружба во Ниш (ВИДЕО)

Албанската фудбалска репрезентација денеска пристигна во Ниш во пресрет на саботниот квалификациски натпревар против Србија, а веќе по пристигнувањето на аеродромот беше јасно дека безбедносните мерки се подигнати на највисоко ниво.

Експедицијата беше директно префрлена од авионот во хотелот, без класичната процедура на пасошка контрола на аеродромот, за да се избегнат можни тензии и инциденти.

Според снимките кои ги објавија албанските медиуми, фудбалерите веднаш по слетувањето во Ниш биле под строга полициска придружба. Контролата ги однела директно до хотелот, без застанување, со цел да се минимизираат потенцијалните безбедносни ризици.

Саботниот натпревар ќе биде прв меѓу Албанија и Србија кај нашиот северен сосед по прекинот на дуелот кој се одигра на 14. октомври 2014 година на стадионот на Партизан.

Се вчитува...