Србија и Албанија во сабота ги очекува пресметката во квалификациите за СП 2026, а сосема јасно е дека натпреварите меѓу двете селекции секогаш се натпревари од висок ризик.
Дуелот ќе се игра во Лесковац, место на легендарната „Маракана“ во Белград, а главната причина за таквата одлука е казната што Србите ја добија од УЕФА, па затоа немаше секако да играат пред полни трибини во Белград, што сигурно би било големо олеснување за Албанија.
Но, Албанците не кријат дека доаѓаат во Србија за да се обидат да победат. Репрезентативецот на Албанија, Ќазим Лаци, вели дека ова е одлучувачкиот натпревар во борбата за второто место во групата и дека е јасно дека ќе го дадат својот максимум за да ги „раздрмаат“ Србите.
„Секако ќе биде тежок натпревар бидејќи е одлучувачки. Ние сме професионалци и сме навикнати на притисок, исто како и тие. Нашиот сон е Светското првенство, па секако нашиот приоритет се трите бода. Ќе го исполниме нашиот сон“ – вели Лаци и дополнува:
„Кога си со репрезентацијата, секогаш мора да дадеш нешто повеќе. Тоа е обврска на секој поединец. Секогаш сум давал се од себе за да дојдеме до победите. Искрено се надевам на победа во Србија.“
Тој се осврна и на првиот меѓусебен натпревар во јуни во Тирана, кој заврши без голови.
„Имавме шанса да победиме во првиот натпревар, кој заврши нерешено. Мора да бидеме фокусирани и да обрнеме внимание на секој детаљ. Ќе биде израмнета игра, но од првата минута ќе играме на таков начин што ќе биде јасно дека сакаме да победиме. Знаеме дека Србија игра дома и ќе има поддршка, но ви повторувам дека одиме по три бода и сакаме да го оствариме нашиот сон, а тоа е да се квалификуваме на Светското првенство 2026“ – вели Лаци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

