Од Албанската фудбалска федерација реагираат на одлуката на ФФМ и УЕФА септемврискиот натпревар меѓу Македонија и Албанија во квалификациите за СП 2018 да се игра на стадионот „Младост“ во Струмица.
По официјалната потврда од УЕФА, а по инспекциските контроли извршени во Струмица, од раководството на АФА сметаат дека безбедноста на стадионот „Младост“ може да биде попроблематична во однос на онаа во Скопје. Од Албанската фудбалска федерација веќе испратиле и писмо до генералниот секретар на УЕФА и дирекцијата за безбедност на стадионите при УЕФА со свои забелешки околу дефинитивната одлука мечот да се игра во Струмица.
Сепак, од ФФМ и од УЕФА тврдат дека безбедноста на натпреварот ќе биде далеку поголема на југот од Македонија, со далеку помала можност за било какви несакани инциденти.
Натпреварот меѓу Македонија и Албанија во рамките на квалификациската Група Г ќе се игра на 5. септември со Струмица со почеток од 20:45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА