Албанците пристигнаа на „Младост“ во Струмица и се восхитени од тоа како изгледа стадионот по реорганизацијата што ја направи Фудбалската федерација на Македонија. За околу еден месец активности изградени се две монтажни трибини, и исполнети се сите услови од ФИФА и УЕФА за утревечер Македонија и Албанија да одиграат квалификациски натпревар од циклусот за СП 2018 година.
„Струмица има нормален стадион од втора класа, и мечот Македонија – Албанија ќе се игра на таков стадион. Зошто ние не сакаме таков стадион? ФИФА и УЕФА одлучија, стадионот во Струмица е ОК, за настап на националниот тим, но за првични квалификациски рунди во Европа“, пишува албанскиот весник „Спорт Експрес“.
Албанците информираат дека стадионот „Младост“ доби сосема нов изглед и многу подобрена инфраструктура за само еден месец работа.
„Еден месец дена работа, повеќе или помалку, и изградени се две монтажни трибини зад головите, запазени се безбедносните мерки кои ги бараат УЕФА и ФИФА. Така, Македонија доби уште еден квалитетен стадион, покрај најголемиот во Скопје, на кој се одржа Суперкупот на Европа меѓу Реал Мадрид и Манчестер јунајтед“, истакнува албанскиот медиум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА