Албасете немаше сила за ново чудо: Барселона во полуфинале на Копа дел Реј (ВИДЕО)

Екипата на Барселона рутински се пласираше во полуфиналето на Купот на Шпанија, по победата од 1-2 над Албасете на гостински терен. Нисколигашот немаше сили за нова сензација, откако во претходната фаза го елиминираше Реал Мадрид, а сега налета на вториот шпански гигант.

Албасете издржа само 39. минута, кога Ламин Јамал донесе предност за „Каталонците“. Во 56. минута ја зголеми Араухо, и тука стави крај на сите дилеми.

Свои шанси до крајот имаа и двата тима, а резултатот се смени во последните мигови, кога Албасете успеа да постигне почесен гол преку Морено.

Се вчитува...