Алберт Риера е нов тренер на Ајнтрахт Франкфурт

Поранешниот играч на Ливерпул и Манчестер Сити, Алберт Риера е назначен за нов тренер на Ајнтрахт Франкфурт, само неколку дена откако германскиот клуб испадна од Лигата на шампионите со поразот од Тотенхем.

Германскииот тим минува низ тешка сезона, а одлуката за ангажирање на 43-годишниот Шпанец доаѓа по отпуштањето на Дино Топмелер.

По отпуштањето на Топмелер, тимот привремено го водеше тренерот на тимот до 21 година, Денис Шмит. Раководството на клубот сега го потврди Риера како трајно решение, а за неговото доаѓање од словенечкиот Целје плати отштета од 1,3 милиони евра. Риера го напушти Целје на врвот на словенечката Прва лига.

„Риера совршено се вклопува“

Спортскиот директор Маркус Кроше го изрази своето задоволство од новиот тренер, истакнувајќи дека тие се насочиле кон експерт од профилот на Риера.

„Со Алберт Риера, свесно избравме тренер кој се залага за модерен, интензивен и напаѓачки фудбал. Тој има меѓународно искуство, јасна филозофија на играта и подеднакво јасен пристап во неговата секојдневна работа со тимот“, рече Кроше.

„Алберт нè импресионираше во разговорите со своето длабоко знаење и одлични комуникациски вештини. Долго време го следиме неговиот развој и сме убедени дека неговите способности, и во сегашната ситуација и на долг рок, се совпаѓаат со барањата на Ајнтрахт Франкфурт. Исто така, веруваме дека како личност совршено се вклопува во клубот и нашиот тим“, додаде тој.

Риера е познат по својот бескомпромисен пристап, што се потврдува со фактот дека во последните 62 натпревари на клупата на Целје, тој ротираше четири голмани без никакви проблеми.

Пред неговиот втор мандат во Целје, тој ги водеше францускиот Бордо и љубљанска Олимпија. Минатиот мај, тој беше поврзуван со враќање во Англија, каде што беше кандидат за клупата на Хал Сити, но тој клуб на крајот го ангажираше Сергеј Јакировиќ.

Се вчитува...