Поранешниот тренер на Јувентус, Интер и Милан, Алберто Закерони, кој беше и селектор на селекцијата на Јапонија, е именуван на селекторската функција на репрезентацијата на Обединетите Арапски Емирати. Тој го наследи Едгардо Бауза и потпиша договор до 2019 година, обврзувајќи се да го предводи националниот тим на ОАЕ на Азискиот куп, кој ќе се одржи токму во оваа земја.„Драго ни е да објавиме дека нов селектор на фудбалската репрезентација на Обединетите Арапски Емирати ќе биде Алберто Закерони. Искусниот стратег ќе биде на кормилото на националниот тим во наредните две години“, објавија од федерацијата на ОАЕ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА