Охридскиот фудбалски клуб, денеска, за нови членови ги претстави Албин Рамадани, Јусуф Алиу и Кристијан Петкоски. Двоецот Рамадани-Алиу во Охрид доаѓа од кичевски Велазерими, додека охриѓанецот Петкоски „рибарите“ ќе ги засили од Воска Спорт.
Рамадани и Алиу дејствуваат на средината од теренот, а Петкоски може да одговори на задачите во везниот ред и офанзивните позиции во екипата. Со доведувањето на Рамадани, Алиу и Петкоски, Фудбалскиот клуб Охрид стигна до шест нови фудбалери. Претходно, „рибарите“ засилија со Игор Клечкароски, Мурат Адили и Сашо Шопоски.
Охриѓани на почетокот од оваа недела ги започнаа подготовките за новата сезона, а клубот го презентираше планот за контролните мечеви. „Рибарите“ ќе одиграат седум тест средби со екипи од Првата, Втората и Третата македонска фудбалска лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА