Екипата на Арсими денеска го доби првото засилување во своите редови. Станува збор за Албин Рамадани, играчот на Воска, и повремено капитен на овој прволигаш.
Рамадани во минатото беше дел од Шкендија, Охрид, Влазерими, Дрита и Беса. Оваа сезона играше само еден натпревар за охридскиот прволигаш.
Рамадани игра на крилната позиција. Природна му е левата крилна позиција, но може да игра и на десната страна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА