Данскиот гигант Алборг запиша нова победа во елитното ракометно натпреварување откако вечерва славеше на домашен терен против полски Кјелце со 34-27 во меч од 8. коло во Лигата на шампионите.
Данците во текот на целиот меч го контролираа натпреварот и на крајот стигнаа до заслужена победа од 34-27. Арнолдсен со шест гола беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека кај поразените поранешниот вардарец Алекс Дујшебаев постигна седум гола.
Во групата А лесна победа издвојува и Веспрем на домашен терен против Колштад од 42-34. Ремили со седум гола беше прв стрелец кај Унгарците, додека кај Колштад недоволни беа 11 погодоци на Јепсон.
Во Б сегментот актуелниот европски шампион Магдебург славеше на гостувањето кај ППД Загреб со 35-43. Муше со 11 гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Бјалауски постигна осум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

