Ракометарите на Алборг стигнаа до изненадувачки лесен триумф на гостувањето во Полска кај Кјелце (28-35) во меч од шестото коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
Актуелниот европски вицешампион почна фуриозно уште од самиот старт па веќе на полувреме имаше плус шест 12-18. Во второто полувреме Данците само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 28-35. Toмас Арнолдсен со девет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Македа и Морито постигнаа по пет.
Во вториот меч од вечерната програма Нант без поголеми проблеми на домашен терен славеше над ППД Загреб со 32-29. Жулиен Бос со седум гола беше најдобар поединец кај победникот, додека кај Загреб Ивано Павловиќ постигна седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА