Ракометарите на Алборг ремизираа 29-29 на гостувањето кај Нант и со тоа го освои второт место во групата Б и обезбеди директен пласман во четвртфиналето од новата сезона во Лигата на шампионите.
Домаќините многу подобро го отворија натпреварот и по 30 минути игра имаа позитива од четири гола 18-14. Гостинскиот тим заигра многу подобро во вториот дел и успеа да го одведе натпреварот во неизвесна завршница откако на минута до крајот израмни на 29-29.
Во последните 60 секунди мируваа мрежите, па Данците стигнаа до бод со кој се пласираа директно во четвртфиналето. Турна со пет гола беше прво име кај домаќинот, додека кај гостите Влах, Арнолдсен и Бјорнсен постигнаа по два гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

