Данскиот Алборг се врати на победите славејќи против Спортинг Лисабон со 35-30 во ракометната Лига на шампиони.
Данците до триумфот беа предводени од Јул Ласен со девет гола, а Кнор и Нилсон постигнаа по пет погодоци. Кај Спортинг по шест постигнаа Торкелсон и Кико Кошта.
Унгарски Веспрем триумфираше на гости против Динамо Букурешт со 27-30.
Веспрем имаше и негатива од 22-20 на средината од второто полувреме, но успеа да дојде до пресврт од 24-29 со серија од 2-9. Тоа беше клучно за триумфот.
Кај Веспрем најдобри беа Ремили со седум и Адел со пет гола, а кај Динамо Букурешт седум гола постигна Лангаро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

