Ракометарите на Алборг забележаа нова победа во елитното натпреварување откако вечерва на домашен терен без поголеми проблеми славеа против францускиот Нант со 31-24 во меч од 9. коло од новата сезона во Лигата на шампионите.
Домаќините дилемите околу победникот ги решија уште во првото полувреме кое го добија со 18-13. Во вториот дел само рутински го приведоа мечот за конечни 31-24. Јул-Ласен со шест гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Ејмерик Мин постигна пет гола.
Во вториот натпревар од програмата од 18.45 часот Кјелце во директниот дуел за нокаут фазата славеше на домашен терен против Динамо Букурешт со 34-32. Дури тројца ракометари кај победникот завршија со по пет гола (Сичко, Дујшебаев и Јарошевиќ), додека кај поразените Бранко Вујовиќ постигна седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

