Во очекување на најголемиот настан за македонскиот фудбал во историјата, првото учество на најдобрата национална репрезентација на Европско првенство, ЕКИПА издвојувајќи ги најзначајните фудбалери, личности и настани од нашата фудбалска историја, се до 11. јуни преку серијал-текстови како најава за тоа што ги очекува Горан Пандев и соиграчите на УЕФА Евро 2020!
===============================================================================================
Фудбалската федерација на Македонија денеска и официјално го промовираше дизајнот, во три бои, на македонскиот дрес за настапот на Европското првенство 2020. И покрај позитивните реакции за дизајнот, дресот наиде на жестоки негативни реакции од јавноста поради незапазената долгогодишна црвено-жолта боја на првата, главна, гарнитура, наспроти резервниот бел дрес кој генерално може да се оцени како „наследник“ на претходните генерации македонски репрезентативни дресови.
А, македонската репрезентација досега во својата историја имала шест официјални репрезентативни дресови (со уште три нијансирани варијанти на основните шест) кои фигурираа од 1993 година, од првиот натпревар во Крањ, па се до 2020 година. ЕКИПА, преку фотомонтажи на македонскиот херои кои ја одведоа Македонија на ЕВРО 2020, ви ги претставува шестте основни гарнитури дресови досега во историја, преку замислениот ФОТО-АЛБУМ на Европските првенства од 1996 до 2020.
* Првиот дрес, кој македонските репрезентативци го носеа на првиот историски натпревар против Словенија во Крањ, „функционираше“, низ една модифицирана варијанта, и низ првиот квалификациски циклус за пласман на ЕП 1996.
* Во финишот на 20. век следеше новиот дрес, изработен од Пума, кој во главно ги запази цртите на претходникот…
- А, со промената на логото на ФФМ следеше и третата гарнитура дресови кои фигурираа низ квалификациите за ЕП и СП.
* Низ годините на договор со Пума во првата декада од 21. век, немаше посериозни промени на македонските фудбалски гарнитури, се до 2014 година кога беше промовирани и новото, се уште актуелно лого, на Фудбалската федерација на Македонија.
- Во 2014 година Фудбалската федерација на Македонија склучувајќи договор со Јако, ја промовираше и новата варијанта на македонски дресови која кратко траеше затоа што по само две години беше промовиран првиот уникатно дизајниран дрес на националната селекција.
* А, првиот уникатно дизајниран дрес од страна на ФФМ беше промовиран во 2016 година, со апликација на македонското сонце на предната страна и со кој македонските фудбалери играат се до денес, односно до промоцијата на новиот дрес за настапите на Европското првенство 2020.
* Дресот со кој Македонија ќе игра на Европското првенство 2020 повторно е уникатен дизајн со аликација на националниот симбол, Рисот, на предната страна. „Балкански Рис…. Национален симбол со особони со кои може да се идентификуваат фудбалерите и навивачите, без оглед на полот, годините и националната припадност“ – го објаснуваат од ФФМ дизајнот на новиот дрес. Кој, сепак, не наиде на одобрување од јавноста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА